Обуки и семинари

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од 2018 година започна со организирање на семинари, обуки и правни советувања на актуелни теми.

© Getty Images/Yuri_Arcurs

Семинари, обуки и правни советувања

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од 2018 година започна со организирање на семинари, обуки и правни советувања на актуелни теми од стопанството со квалификувани предавачи со релевантна експертиза. Реномирани обучувачи, адвокатски канцеларии, канцеларии за консалтинг-услуги, даночни советници и експерти пренесуваат актуелни и релевантни сознанија за сите оние компании кои се активни на германско-македонскиот пазар или пак засегнати од актуелните случувања во стопанството.

Преку работата во мали групи од десет до петнаесет учесници се овозможува полесно учење и пријатна работна атмосфера, како и многу можности за мрежно поврзување и ширење на деловните контакти меѓу компаниите/учесниците. Освен стекнување стручно знаење поврзано со темата, преку учеството на семинарите и обуките се нуди и можност да споделување и надминување на деловните проблеми на компаниите и остварување на директен контакт со експертите од својата стручна област, а воедно и можна идна соработка меѓу компаниите/учесниците на семинарите и обуките.

Членките на Македонското-Германско стопанско здружение земаат активно учество во обликувањето на тематската рамка на семинарите/обуките, преку нивното активно учество на семинарите/обуките, како и преку споделувањето на информации за актуелните проблеми на стопанствениците, со цел утврдување на релевантните теми за семинарите/обуките кои ќе одговараат на актуелните потреби и барања на компаниите. Врз основа на искуството и експертизата на компаниите членки на Здружението се овозможува споделување на детални информации, како и добивање преглед и практични информации за разни теми што можат да бидат корисни за успехот на една компанија.