Германија е најголемата економија во Европа и еден од најатрактивните и најстабилни пазари во светот. Со повеќе од 84 милиони жители, висока куповна моќ и силна индустриска база, германскиот пазар нуди разновидни можности за бизнис – како пазар за продажба, снабдување или како партнер за соработка.
Особено се барани иновативни производи, конкурентни услуги и квалификувани добавувачи. Многу германски компании активно бараат доверливи партнери за јакнење на нивните синџири на снабдување, особено во машинската индустрија, автомобилскиот сектор, ИТ, текстил, прехранбена индустрија и обновливи извори на енергија.
Влезот на пазарот бара добра подготовка, високи стандарди за квалитет и разбирање на германската деловна култура.
Корисни линкови:
Инвестирање во Германија: GTAI – Invest in Germany
Саеми во Германија: AUMA – Association of the German Trade Fair Industry | AUMA
Студираj во Германија : German Academic Exchange Service - DAAD