Лого на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

АХК Северна Македонија

Ние сме вашиот партнер за германското стопанство во Северна Македонија.

Прикажи повеќе
ace.png

Услуги и проекти

market entry 2.png

Влез на пазарот

Вашиот пристап до Северна Македонија, Албанија и Косово – со стратешка поддршка. Доколку како германска компанија планирате влез на пазарот во Југоисточна Европа, ние ве водиме професионално низ секоја фаза. Со темелно познавање на пазарот и воспоставена мрежа, ви помагаме да ги препознаете можностите, да ги минимизирате ризиците и да ги пронајдете вистинските партнери.

smetkovod mk.png

Сметководство

Нашиот оддел за сметководство нуди сеопфатни услуги за германски клиенти, вклучително и претставништва, подружници и ќерки-компании во Северна Македонија. Нашиот искусен тим зборува течно македонски и англиски, овозможувајќи непречена комуникација со локални и меѓународни партнери.

tax mk.png

Правни и даночни услуги

Сеопфатни правни, даночни и корпоративни услуги за германски компании кои влегуваат или веќе работат на македонскиот пазар. Од основање на фирма до поврат на данок и деловна адреса – обезбедуваме правно усогласени, структуирани и одржливи процеси.

yee1.png

Young Energy Europe

Young Energy Europe (YEE) е проект на DIHK Service GmbH, финансиран од страна на Федералното Министерство за економија и енергија (BMWE) во рамки на Европската климатска иницијатива (EUKI). Целта на проектот е обука на т.н. Energy Scouts – млади лица кои во текот на 4–5 дневна обука се запознаваат со теми како енергетска и ресурсна ефикасност, мобилност во компаниите и други поврзани области. Со стекнатото знаење, учесниците на возраст од 18 до 35 години имаат неколку недели да осмислат проект, кој на крајот го презентираат и го реализираат во својата компанија. Учеството навистина вреди! Не само што Energy Scouts добиваат стручни знаења и искуство, туку и компаниите добиваат значителни придобивки: Со имплементација на проектите развиени од учесниците, компаниите можат, со вложување од само неколку стотици евра, да остварат заштеди од десет илјади евра – и истовремено да придонесат за заштита на климата. Добивка за сите страни!

dualno мк.png

Дуално стручно образование

Што претставува дуално образование? Дуалното стручно образование е докажан германски модел на обука кој комбинира теоретска настава со практична обука во компанија. Наместо да учат само теорија, учениците стекнуваат и практично искуство на работното место – со што ги развиваат токму оние вештини и компетенции што се барани во економијата.

Info Hub

Untitled-2-Recovered.png Вести

Германска делегација во Северна Македонија, Албанија и Косово за промоција на обновливи енергетски решенија

Од 7 до 11 јули 2025 година, германска делегација оствари посета на Северна Македонија, Албанија и Косово во рамки на Енергетската извозна иницијатива, поддржана од Германското сојузно министерство за економија и енергија (BMWE).

ai kurs web.png

Онлајн курс „AI Manager“

Успешно искористете го иновацискиот потенцијал на вештачката интелигенција за компаниите

Looking for an AHK Office?

Discover our interactive globe showing all 150 AHK locations worldwide. You will find concise information on upcoming events, offered services and contact details.

150 Locations

93 Countries

Open our AHK Locations