АХК Северна Македонија – Дел од мрежата на АХК
Нашата канцеларија е основана во 2000 година во Скопје како претставништво на Германската индустриско-трговска комора (DIHK). На почетокот од 2017 година, канцеларијата беше унапредена од претставништво во делегација. Надлежноста на АХК Северна Македонија – дел од мрежата на АХК – се простира на Северна Македонија, Косово и Албанија.
На АХК Северна Македонија – дел од мрежата на АХК – ѝ е придружена и Германско-Македонската стопанска асоцијација (DMWV), која со над 155 членки претставува една од најголемите билатерални стопански здруженија во Северна Македонија. DMWV е билатерална непрофитна организација за економска соработка помеѓу Германија и Северна Македонија.
КОИ СМЕ НИЕ
- Ние сме даватели на поддржувачки услуги, подеднакво за германски, македонски, албански и косовски компании.
- Сме дел од глобалната мрежа на 150 германски надворешнотрговски комори во 93 земји.
- Тесно соработуваме со здруженија и комори во Северна Македонија, Косово и Германија – особено со германската IHK-организација.
ШТО ПРАВИМЕ
- АХК Северна Македонија – дел од мрежата на АХК – работи за германски, македонски и косовски клиенти, како и за членовите на DMWV, со цел да им овозможи и олесни деловни активности.
- Ние информираме, советуваме и поддржуваме.
- Ги советуваме компаниите за сите прашања поврзани со влез и работа на пазарот.
- Развиваме мрежи и ги поврзуваме компаниите.
- Организираме настани за да ги информираме компаниите и да им понудиме платформа за дискусија и вмрежување.
- Се вклучуваме во иницијативи и проекти кои ги унапредуваат билатералните економски односи.
- Ги застапуваме интересите на германските и локалните компании пред политиката и институциите во Германија, Северна Македонија и Косово.
ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ
- АХК Северна Македонија – дел од мрежата на АХК – се залага за квалитет.
- Нашите вработени се нашето најважно богатство.
- Нудиме стручна експертиза во комбинација со германско-македонска и германско-албанска јазична и културна компетенција.
- Нудиме прилагодена поддршка на едно место – од првична информација до секојдневна поддршка во тековното работење.
- Добробитта за компаниите и развојот на билатералните економски односи се во преден план и пред интересите за приходи на делегацијата.