Лого на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

Циркуларна економија со локален пристап

  • News

Поддршка за компаниите на патот кон поодржливо и поконкурентно работење

Untitled-1-Recovered.png

АХК Северна Македонија го спроведува проектот „Learning by Sharing: Circular Economy Made Local“, со финансиска поддршка од Министерството за животна средина, заштита на климата, заштита на природата и нуклеарна безбедност на Сојузна Република Германија.

Проектот има за цел да ги поддржи компаниите во Северна Македонија во транзицијата кон циркуларна економија преку унапредување на ресурсната ефикасност, воведување одржливи деловни практики и зајакнување на нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.

Посебен фокус е ставен на металопреработувачката, текстилната и пластичната индустрија, три сектори кои имаат клучно значење за македонската економија и се тесно поврзани со европските и глобалните синџири на снабдување. Со оглед на сè повисоките барања за одржливо производство, ефикасно користење на ресурсите и намалување на отпадот, компаниите од овие индустрии имаат потреба од практични решенија и стручна поддршка за успешно прилагодување кон новите пазарни услови.

Зошто циркуларна економија?

Компаниите кои навремено ќе ги усогласат своите деловни процеси со овие принципи не само што ќе ги исполнат очекувањата на своите партнери и клиенти, туку ќе остварат и значителни придобивки преку оптимизација на трошоците, поефикасно користење на ресурсите, намалување на отпадот и отворање нови можности за раст и развој.

Што нуди проектот?

Во рамки на проектот, компаниите ќе имаат можност да користат:

  • Алатка за самопроценка за циркуларна економија (Circular Economy Self-Assessment Tool);
  • практични обуки и тематски работилници;
  • експертска поддршка од домашни и меѓународни експерти;
  • индивидуални препораки за подобрување на деловните процеси;
  • размена на искуства и добри практики со компании од земјата и странство.

Алатка за самопроценка

Еден од клучните сегменти на проектот е Алатката за самопроценка за циркуларна економија, која им овозможува на компаниите систематски да го проценат своето ниво на подготвеност за примена на принципите на циркуларната економија.

По пополнувањето на алатката, компаниите добиваат индивидуален извештај со анализа на резултатите, препораки за подобрување на деловните процеси и конкретни насоки за поефикасно користење на ресурсите и воведување одржливи практики.

Линк до алатката: https://circulareconomy.mk/account/login/?next=/self-assessment/

Практични работилници прилагодени на потребите на компаниите

Врз основа на резултатите од самопроценката ќе бидат организирани тематски работилници, прилагодени на реалните потреби и предизвици на компаниите од металопреработувачката, текстилната и пластичната индустрија.

Преку работа со домашни и меѓународни експерти, презентација на успешни примери и интерактивни дискусии, учесниците ќе стекнат практични знаења и конкретни алатки кои ќе можат веднаш да ги применат во своето секојдневно работење.

Придружете се

Доколку Вашата сакате да го унапредите Вашето работење преку примена на принципите на циркуларната економија, Ве покануваме да се приклучите на проектот.

За дополнителни информации во врска со проектот, можете да ја контактирате Марија Радевска Трандафиловска, проектен менаџер, на следната e-mail адреса: radevska@nordmazedonien.ahk.de

🔗 Повеќе информации за проектот: https://circulareconomy.mk/

Барате нешто друго?

Во нашиот информативен центар можете да ги најдете најновите вести, преземања, видеа, подкасти.

Одете во Инфо центар