Германско-македонскиот бизнис самит 2026 ги обединува носителите на одлуки, бизнисмените, креаторите на политики и иноваторите од Германија и од Северна Македонија.
Доколку сакате и вие да учествувате во креирањето на дијалогот за конкурентност, технологија и економска трансформација, бидете дел од самитот што оваа година се одржува на тема: „Применета технологија и дигитализација како двигатели на економскиот развој“.
Програмата опфаќа практични решенија и успешни модели во областа на применетата технологија, дигитализацијата, примената на вештачка интелигенција и развојот на работната сила.
Германско-македонскиот бизнис самит 2026 е инициран и организиран од АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во светот, и Македонско-германското стопанско здружение (DMWV).
Што може да очекувате:
– Кратки експертски панели
– Интерактивни прашања од публиката со поддршка од вештачка интелигенција
– Можност за презентации на компании
– Структурирано вмрежување со цел создавање квалитетни бизнис-врски
– Доделување на Германско-македонска бизнис-награда
Датум и локација:
7 мај 2026 година — DoubleTree by Hilton, Скопје
Сите потребни информации за самитот, како што се агендата, условите за учество, можностите за спонзорство и аплицирањето за бизнис-наградите, ќе ги најдете на официјалната веб-страница на самитот.