Лого на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

Kонференција на тема „Децентрализирано производство на електрична енергија од фотоволтаици

  • Event

Ве покануваме на конференција на тема „Децентрализирано производство на електрична енергија од фотоволтаици“, која ќе се одржи на 10 јули 2025 година, со почеток во 10:00 часот во М6 Едукативен центар, Скопје.

sk.png

Конференција: Децентрализирано производство на електрична енергија од фотоволтаици

Датум: Четврток, 10 јули 2025 година
Време: 10:00–16:00 (регистрација од 9:30 часот)
Локација: М6 Едукативен центар, ул. Димче Беловски 2, Скопје

Регистрирајте се преку следниот линк: Регистрација

Ве покануваме на конференција на тема „Децентрализирано производство на електрична енергија од фотоволтаици“, која ќе се одржи на 10 јули 2025 година, со почеток во 10:00 часот во М6 Едукативен центар, Скопје.

Оваа конференција е под покровителство на Сојузното Министерство за економија и енергија на СР Германија, и е наменета за претставници на македонски компании, институции и консултанти, со цел запознавање на учесниците со германски решенија во областа на обновливите енергии, односно децентрализирано производство на енергија од фотоволтаици.

Ако планирате да инвестирате во фотоволтаични системи, ова е одлична прилика да се информирате за најновите решенија и технологии што ги нудат германските производители. За време на настанот ќе имате можност да се сретнете со водечки германски компании специјализирани за децентрализирано производство на електрична енергија со фотоволтаични панели и други иновации од областа на енергетиката.

Доколку сакате да стапите во контакт со одредена германска компанија која учествува на конференцијата, ве молиме назначете го тоа при регистрацијата.

✅ Учество на конференцијата е бесплатно, а ќе биде обезбеден симултан превод.

Програма

09:30 – 10:00
Регистрација на учесниците и кафе

10:00 – 10:15
Поздравни говори, вовед и претставување на Иницијативата за извоз на енергија на германската влада

Лара Крстева Ичоќаева, заменик-директор на канцеларијата на DE International DOOEL Скопје

Сања Божиновска, Министерство за енергетика, рударство и природни ресурси на РСМ (tbc)

Блок I – Стручни презентации и дискусии

10:15 – 10:35
„BIPV како иновативен елемент на децентрализирано снабдување со електрична енергија – Технологија, интеграција и комуникација со засегнатите страни: Германски искуства за Северна Македонија“
Никлас Албиниус, Хелмхолц Центар Берлин
https://www.helmholtz-berlin.de

10:35 – 10:55
„Наслов на презентацијата“
Тодор Анѓушев, Фероинвест
https://feroinvest.mk

10:55 – 11:05
„Финансирање на PV-проекти: Можности преку ПроКредит банка“
Добринка Стефанова, ПроКредит банка Македонија (tbc)
https://www.pcb.mk

Блок II – Панел дискусии

11:05 – 11:35
Панел-дискусија 1: Технологии и системи за обновлива енергија и мрежни решенија

Мирјета Сопјани, ELTEC Solar AG https://eltec-solar.com

Олаф Флек, Sunset Energietechnik GmbH https://sunset-solar.de

Себастијан Вегеле, Megger Germany GmbH https://megger.com

Тодор Анѓушев, Фероинвест https://feroinvest.mk
Модератор: Стефан Трајков, Солар Македонија https://solar.org.mk/mk/

11:35 – 12:05
Панел-дискусија 2: Стратешко советување и дигитализација во енергетскиот сектор

Џебраил Бејаз, Beka Versorgungstechnik https://beka.berlin

Карл-Хајнц Тенгес, Energy Change Advisory

Керем Мермер, envelio GmbH https://envelio.com/de/

Тодор Анѓушев, Фероинвест https://feroinvest.mk
Модератор: Стефан Трајков, Солар Македонија

12:05 – 12:15
Заклучоци од панел-дискусиите: краток осврт и перспективи

12:15 – 13:00

Ручек и можности за вмрежување

Блок III – B2B средби

13:00 – 16:00
Индивидуални и однапред договорени средби

Барате нешто друго?

Во нашиот информативен центар можете да ги најдете најновите вести, преземања, видеа, подкасти.

Одете во Инфо центар