Дејан Чуповски, M.A., MAS
Тим лидер за стручно образование Дуално стручно образование
+389 70 260 466 cupovski@nordmazedonien.ahk.deКлучни карактеристики
Комбинација од пракса и теорија
Учење преку практична примена („Learning-by-Doing“)
Развивање компетенции согласно барањата на пазарот на труд
Признат германски модел, прилагоден за Северна Македонија
Нашата мисија
Во април 2017 година, АХК Северна Македонија ја започна програмата Skills Expert со цел да го воведе дуалниот модел на стручно образование во земјата.
Целта е да се поддржат компаниите во развојот на квалификуван кадар – преку структурирани елементи од германскиот систем..
Зошто e важно
Побарувачката за квалификувана работна сила расте на глобално ниво
Дуалното образование ја намалува младинската невработеност
Го зголемува продуктивитетот и ги намалува трошоците за регрутација кај компаниите
Моделот ја премостува празнината меѓу теоријата и практиката
Потребата од стручен кадар кој ќе одговори на брзите промени и развој во индустријата секојдневно се зголемува. Затоа, по инцијатива на АХК С. Македонија и компаниите партнери, од учебната 2019/2020 година се воведе „Техничар за производно машинство“. Со оваа квалификација, која е изработена по германскиот модел на дуално стручно образование, се интегрираат знаења, вештини и компетенции од областа на модерното машинството, како и зголемена практична обука во компанија (до 50%).
Задачи на техничарот за производно машинство:
· Изготвување на техничко– технолошка документација
· Обработка на метали со деформација и режење
· Изработка на алати
· Ракување со ЦНЦ машини
· Ракување со машини за преработка на пластична маса
· Изработка и монтажа на метални конструкции
Во соработка со 8 компании и 5 стручни училишта, оваа квалификација се имплементира во Тетово, Скопје, Велес, Прилеп и Охрид. Покрај државна диплома, учениците имаат и уникатна можност да се стекнат со АХК/ДИХК сертификат за завршено стручно образование по германски стандарди. По завршувањето на четиригодишното образование, учениците имаат можност за директно вработување во компанијата каде што биле обучувани или пак да го продолжат своето образование на факултет.
По инцијатива на АХК С. Македонија и компаниите партнери, од учебната 2018/2019 година се воведе четиригодишниот образовен профил „Техничар за индустриска мехатроника“. Со оваа квалификација, која е изработена по германскиот модел на дуално стручно образование, се интегрираат знаења, вештини и компетенции од областа на електрониката, машинството и информатиката, како и зголемена практична обука во компанија (до 50%). Оттука, истата наоѓа примена во повеќе индустриски гранки, особено таму каде што има автоматизација на производните процеси.
Задачи на мехатроничарот:
· Инсталација и програмирање мехатронички системи
· Тестирање и регулирање на функциите на мехатронички системи
· Рачна и машинска обработка, обработка со режење
· Техничка комуникација
· Инсталирање на електрични склопови и компоненти
· Мерење и тестирање на електрични големини
· Монтажа на склопови и компоненти за машини и системи
Во соработка со 10 компании и 6 стручни училишта, оваа квалификација се имплементира во Куманово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. Покрај државна диплома, учениците имаат и уникатна можност да се стекнат со АХК/ДИХК сертификат за завршено стручно образование по германски стандарди. По завршувањето на четиригодишното образование, учениците имаат можност за директно вработување во компанијата каде што биле обучувани или пак да го продолжат своето образование на факултет.
Двата профили се засноваат на стандардите на Германската индустриска и трговска комора (DIHK).
Од 2017 година, АХК Северна Македонија им помага на компаниите во спроведувањето на дуалното стручно образование според германскиот стандард.
Тим лидер за стручно образование Дуално стручно образование
+389 70 260 466 cupovski@nordmazedonien.ahk.deПроект менаџер за дуално стручно образование Дуално стручно образование
+389 70 260 411 jovcheska@nordmazedonien.ahk.de