Лого на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

АХК Северна Македонија ја организираше деветтата „Обука на обучувачи по германски стандарди“

  • News

Квалификуваните и компетентни обучувачи играат клучна улога во спроведување на квалитетно дуално стручно образование по германски модел. За таа цел, во периодот од 6 до 11 ноември AHK Nordmazedonien/ АХК Северна Македонија ја организираше деветтата по ред Обука на обучувачи „AdA International“. За време на шестдневната обука 12 учесници од компаниите LUTEX doo Veles, LAMINATI KOM , Kiel Macedonia , KOSTAL MACEDONIA, DRÄXLMAIER Group, Vitaminka A.D. и Magna International беа обучувани за компаниски ментори согласно стандардите за квалитет на Германската комора за индустрија и трговија-DIHK. Благодарност до германскиот експерт Dr. Daniel Büttner, PhD, кој беше задолжен за спроведување на обуката.

16112023.jpg

Барате нешто друго?

Во нашиот информативен центар можете да ги најдете најновите вести, преземања, видеа, подкасти.

Одете во Инфо центар