Лого на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија

Германска делегација во Северна Македонија, Албанија и Косово за промоција на обновливи енергетски решенија

  • News

Од 7 до 11 јули 2025 година, германска делегација оствари посета на Северна Македонија, Албанија и Косово во рамки на Енергетската извозна иницијатива, поддржана од Германското сојузно министерство за економија и енергија (BMWE).

Untitled-2-Recovered.png

Германска делегација во Северна Македонија, Албанија и Косово за промоција на обновливи енергетски решенија

Од 7 до 11 јули 2025 година, германска делегација оствари посета на Северна Македонија, Албанија и Косово во рамки на Енергетската извозна иницијатива, поддржана од Германското сојузно министерство за економија и енергија (BMWE). Во делегацијата учествуваа шест иновативни германски компании специјализирани за фотоволтаични и децентрализирани енергетски решенија: Megger, Beka Versorgungstechnik, Sunset Solar, Change Energy Advisory, envelio, и ELTEC Solar AG.

Две главни конференции на тема „Децентрализирано снабдување со енергија за сопствена потрошувачка преку фотоволтаици“ се одржаа во Скопје и Тирана. Настаните опфатија клучни теми како што се: флоатинг фотоволтаици, хибридни енергетски решенија, дигитална интеграција во електричната мрежа и модели за одржливо финансирање. Конференциите претставуваа платформа за размена на знаења и презентација на германска технолошка експертиза во областа на обновливи извори на енергија.

Дополнително, беа организирани и директни B2B средби во Скопје, Тирана и Приштина, кои овозможија воспоставување контакти и конкретна соработка помеѓу германските компании и претставници од јавниот и приватниот сектор.

Делегациската посета беше организирана од Германско-македонската стопанска комора (AHK Северна Македонија) во соработка со eclareon GmbH, и со поддршка од DIHA – Германско-албанска стопанска комора и Германско-косовската стопанска комора (OEGJK-KDWV).

Оваа иницијатива придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и отвори нови можности за развој на одржлива енергија на Западен Балкан.

 

Блок I: Стручни презентации и панел-дискусија – Одржливо производство на електрична енергија од фотоволтаици

Панел-дискусија 1: Технологии и системи за обновлива енергија и мрежни решенија со фокус на производи, системи и технолошка инфраструктура (фотоволтаици, паметни мрежи, мерна техника)

Панел-дискусија 2: Стратешко советување и дигитализација во енергетскиот сектор со фокус на консалтинг, дигитализација, енергетско планирање и ефикасност

Барате нешто друго?

Во нашиот информативен центар можете да ги најдете најновите вести, преземања, видеа, подкасти.

Одете во Инфо центар