Застапување на интереси

Делегацијата на германското стопанство ги застапува интересите на компаниите пред Владата и официјалните органи во Северна Македонија.

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги застапува интересите на компаниите пред владините претставници и официјалните органи во земјата.
Преку нашата мрежа и нашите контакти се залагаме за подобрување на условите за работење и инвестирање во земјата водејќи директен дијалог со претставниците на Владата и администрацијата.

 

 

Ние сме неутрална и почитувана организација која ги застапува економските интереси на германските инвеститори и ги поврзува со владините претставници и администрацијата во Северна Македонија.

  •  Ние ги застапуваме Вашите интереси пред највисоки владини претставници.
  •  Ние ви овозможуваме пристап до носителите на политички одлуки.
  •  Ги презентираме Вашите најгорливи прашања.
  • Ја користиме моќта од вмрежувањето на нашите 200 компании-членки.
  • Активно ќе Ве вклучиме во актуелните дебати на тема стопанска политика.