Сениор експертски сервис

  • © Getty Images/nd3000
  • © Getty Images/nd3000

На иднината и е потребно искуство!

СЕС е независна и непрофитна организација која е основана во 1983 година. Темели на сениор експертскиот сервис се германската економија и меѓународната соработка. Сениор експертите го пренесуваат своето знаење и вештини како волонтери со цел да дадат придонес во развојот на компаниите или институциите.

 

 

 

 

 

 

Што нуди сениор експертскиот сервис:

Поддршка на мали и средни претпријатија, јавна администрација, комори и деловни здруженија, социјални и медицински институции, како и институции за основно и стручно образование. Повеќе од 10.000 експерти со високи квалификации го нудат своето знаење и експертиза во следниве стопански гранки и области:

  • Трговија
  • Занаетчиство
  • Производство
  • Услуги
  • Образование
  • Јавен сервис
  • Земјоделство

Имате потреба од ...

  • Помош за подобрување на квалитетот на Вашите производи и на производните процеси?
  • Обука и квалификација на Вашиот персонал?
  • Стручни совети за решавање на технички, економски или организациски проблеми?
  • Поддршка околу преструктуирањето на Вашиот бизнис?
  • Размена на искуства за Вашето управување на компанијата?
  • Нови импулси за маркетинг концепти и бизнис планови?
  • Советување при решавањето на проблеми поврзани со ликвидноста и финансиските проблеми?
  • Поддршка за започнување на нов бизнис и отстапување на бизнисот?