Правни прашања-Oсновање компанија
Нашата канцеларија успешно советува македонски и германските компании за прашања од македонското право.
- Ваши прашања од следните области:
- Oсновање компанија
- Право на друштва
- Законски одредби за основање подружница
- Договори за трговски застапства и дистрибуција
- Трудово право
- Основи на законот за социјално осигурување.
Нашата канцеларија може за германски и останати странски компании да ја спроведе целата постапка на основање друштво со ограничена одговорност, подружница или претставништво на странско друштво во Република Северна Македонија.
Информации за бонитет
Сакатате да се информирате за потенцијални деловни партнери?
Ние Ви нудиме можност да добиете информации за бонитет за германски фирми со кои сакате да воспоставите деловни односи.
Аналитички критериуми
- Правна форма
- Предмет на фирмата
- Година на основање
- Анализа на финансиската ситуација
- Финансиски ресурси
- Долгови
- Банкарски податоци
- Извод од завршна сметка
- Членови на раководството
- Порано поднесени барања за стечај
- Развој на бројот на вработени
- Преговори за преземање
- Вработени
- Други учества на директорите
- Платежен морал
- Препорака за доделување кредит
Вонсудско помирување
Вонсудската постапка за регулирање на ненаплатено побарување преку Делегацијата Ви нуди многу предности:
- брза и доверлива обработка на барањето со до три писмени опомени
- добивање на актуелната адреса на должникот на која на истиот може да му се изврши достава
- кореспонденцијата со должникот се одвива на македонски/албански јазик
- доколку е нужно, препраќање на предметот до адвокати
Навремено доставеното барање за посредување во ненаплатено побарување ќе Ви заштеди непотребни трошоци. Делегацијата е Вашиот партнер за брзо и професионално окончување на предметот.
Изводи од трговскиот регистар
Пред да започнете бизнис зделка со непозната компанија, треба да се распрашате за Вашиот партнер. Нашата канцеларија Ви нуди можност да добиете тековни состојби за германски, српски, албански, косовски и црногорски фирми. Тековните состојби по правило ги содржат следните информации: година на основање, капитал, управител/и, седиште на фирмата, дејност на фирмата, стечајна постапка во тек.
Понуда и трошоци:
Извод од трговскиот регистар
● македонски 50,-€
● со незаверен германски превод 90,-€
● со заверен германски превод 100,-€
● Заверка на оригиналниот извод од трговскиот регистар од страна на македонските органи +10,-€
Исто така нудиме информации за трошоците за изводи од трговскиот регистар на германски фирми.