За нас

АХК Северна Македонија дел од мрежата на германските стопански комори во странство

АХК Северна Македонија дел од мрежата на германските стопански комори во странство е основана во 2000 година во Скопје како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин. АХК Северна Македонија е надлежна за Северна Македонија, Албанија и Косово. Припоено кон АХК Северна Македонија е Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ), кое со повеќе од 155 компании членови претставува најголема билатерална бизнис асоцијација во Северна Македонија. МГСЗ е непрофитна организација надлежна за економската соработка помеѓу Германија и Северна Македонија.

КОИ СМЕ?

  • Нудиме услуги на поддршка како за германски така и за македонски, албански и косовски компании
  • Ние сме дел од светската мрежа на 150 германски стопански комори во странство кои се застапени во 93 земји
  • Соработуваме со здруженија и комори во Северна Македонија, Албанија, Косово и Германија – особено со Унијата на
  • германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин.

ШТО ПРАВИМЕ?

  • АХК Северна Македонија е дел од мрежата на германските стопански комори во странство и работи за германски, македонски и косовски клиенти, со цел да им овозможи полесно вмрежување и наоѓање на деловни партнери.
  • Ние информираме, советуваме и поддржуваме
  • Развиваме мрежи на контакти и ги спојуваме компаниите
  • Организираме настани, за да ги информираме компаниите и да им понудиме платформа за дискусија и нетворкинг
  • Учествуваме во иницијативи и проекти, кои што ги унапредуваат билатералните економски односи
  • Ги застапуваме интересите на германските и локалните компании пред политичките и управните органи во Германија, Северна Македонија, Албанија и Косово.

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ?

  • АХК Северна Македонија дел од мрежата на германските стопански комори во странство се залага за квалитет
  • Нашите вработени се нашиот главен капитал
  • Нудиме стручно експертско знаење во комбинација со германско- македонска и германско-албанска јазична и културна компетенција
  • Нудиме поддршка соодветна за секоја компанија
  • Застапувањето на интересите на компаниите и развојот на билатералните стопански врски се нашиот најголем приоритет.

Делегацијата на германското стопанство во Македонија

Делегацијата на германското стопанство во Македонија е основано во 2000 година во Скопје како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин. Делегацијата на германското стопанство е надлежна за Македонија, Албанија и Косово. Среднорочна цел на Делегацијата е основање на билатерална комора за индустрија и трговија (АХК) во Македонија

Прочитај повеќе

ДЕ Интернационал

Како професионална консултантска фирма, DEinternational Македонија е етаблирана на германскиот и македонскиот пазар, која располага со знаење за различни стопански грански, има првокласен Networking и професионален тим на вработени кои одлично ги говорат двата јазика.

Прочитај повеќе

Застапништва

Делегацијата на германскoто стопанство во Македонија е официјален застапник на неколку германски саеми. Ние ги застапуваме саемите Минхен, Келн и саемот за играчки Нинберг.Нашиот тим за саеми ќе Ве поддржи во организација на Вашиот саемски настап.

Прочитајте повеќе

© Getty Images/lovegul
155 Членови

Wir vertreten die Interessen unserer Mitglieder gegenüber Institutionen und Entscheidungsträgern aus Wirtschaft und Politik. Wir nehmen die Wünsche, Sorgen und Anregungen unserer Mitglieder ernst und bringen sie an entsprechender Stelle zur Sprache.

Mehr lesen

16 Вработени

Тимот од 16 вработени е движечка сила на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, нашата компанија за комерцијални услуги ДЕинтернационал Дооел Скопје и Македонско-Германското стопанско здружение. Под овој линк може да ги запознаете членовите на нашиот тим.

Прочитајте повеќе