Пакет за Западен Балкан
Добивате индивидуален Извештај за пазарот за актуелната состојба на Вашиот производ или услуга. Краток опис на пазарот преку одговарање на детални прашања.
Модул 1: Скрининг на рамковните услови на заинтересираното македонско/албанско/косовско претпријатие |
Добивате индивидуален Извештај за пазарот за актуелната состојба на Вашиот производ или услуга. Краток опис на пазарот преку одговарање на детални прашања.
Скрининг на Вашето претпријатие
- Од нас ќе добиете прашалник за реализација на царинските постапки, сертификацијата и нормите од областа на извозот во Германија.
- Се проверува способноста за извоз на Вашето претпријатие врз основа на претходните учества на саеми и се евалуира постоечката продажба во странство.
- Вршиме превод на профилот на Вашата фирма на германски јазик.
- Делегацијата обезбедува Тековна состојба и Изјава за бонитет за Вашето друштво од Трговскиот Регистар и ја преведува на германски јазик.
Модул 2: Обука на добавувач |
Обука за извоз на Вашето претпријатие преку семинари, кои ги организира АХК во Северна Македонија.
Обука на семинар
- Понуда за обука за сертифицирање, норми и царински постапки во поглед на Германија.
- Финансирање на извоз
Модул 3: Виртуелен совет на експерти |
Тука станува збор за совет на експерти со седиште во Германија, кој се состанува онлајн преку Microsoft Teams и го анализира профилот на Вашето претпријатие.
- Советот на експерти се состои од водечки личности во индустријата и во сојузите во Германија.
- Кратка презентација на Вашите производи / услуги пред советот на експерти.
- Советот на Експерти ја проценува способноста на Вашето претпријатие да извезува.
Модул 4: Наоѓање деловни партнери и посредување |
За Вас бараме германски претпријатија кои би биле потенцијален купувач на Вашите производи / услуги.
- По добиена позитивна одлука од советот на експерти, Ви нудиме можност да се претставите и да дадете брза понуда (pitch).
- Ви ги претставуваме потенцијалните клиенти и трговци во Германија.
- За Вас ги анализираме потенцијалните германски клиенти.
- Ви нудиме правно советување и срочување договори (договори за испорака т.е. за давање услуги со германските клиенти)
- Ви нудиме, Вашето претпријатие да биде вметнато во порталот на добавувачи. https://serbien.ahk.de/lieferantenportal
Sourcing и B2B платформа за набавки, синџир на добавување (Supply Chain) и логистика:
Ви нудиме, Вашето претпријатие да биде внесено во германска В2В платформа за набавки, синџир на добавување и логистика: https://www.bmeopensourcing.com/
Предности:
- Ви нудиме презентација целно насочена кон купувачите:
- Ве поврзуваме директно со Вашата целна група во Германија - со повеќе од 9.750 претпријатија - членки на Сојузот за набавки, материјално стопанство, синџир за добавување и логистика и други чинители од оваа област во Германија.
- Преку Вашиот профил ќе учествува во етаблирана платформа на добавувачи со висок степен на препознатливост.
Целна група:
- Клучни корисници: околу 9.750 купувачи од Сојузот, кои застапуваат волумен на набавки од 1,25 милијарди евра годишно и други набавувачи од Австрија и Швајцарија и други држави.
- Работни позиции на членовите на Сојузот: 80% Раководители на одделение, раководители на набавки, Менаџери на синџир на добавување, раководители на логистика, управители, Управен одбор или сопственици.
- Бранши на членовите на Сојузот: 60% од индустријата / преработувачката индустрија со фокус на машински инженеринг, изградба на возила, производство на метали, хемија и пластика; 26% од услужниот сектор, особено транспорт, сообраќај, логистика, ИКТ и финансиски услуги.
Поддршка при Вашето учество на саем:
- Поддршка на Вашето претпријатие ако сакате да се претставите на меѓународни стручни саеми во Германија
- Советување при изборот на соодветниот саемски настан во Германија
Модул 5: Виртуелен состанок |
Се избираат германски претпријатија кои биле предмет на анализа и кои покажале интерес, а потоа преку нашите Teams Account се организира и Телко/Вебинар со Вас, на кој ќе учествува и АХК.
Примена на Збогатена Реалност (Augmented Reality)
Претставување на Вашето претпријатие со примена на Збогатена Реалност (Augmented Reality):
Со употребата на очила за збогатена реалност (AugmentedReality) или smart glasses, им овозможуваме на Вашите потенцијални германски клиенти да направат проверка на квалитетот во Вашето претпријатие. Клиентот седи во Германија на неговиот лаптоп или мобилен телефон и со пренос во живо преку очилата на вработениот во АХК гледа односно го посетува и директно комуницира со потенцијалниот македонски/ албански/ косовски производител/ давател на услуги. Воедно, германскиот клиент има можност и да испраќа до очилата директни упатства, податоци, датотеки, слики или други информации.
Модул 6: Посета за скенирање - запознавање на германските клиенти |
Придружба од страна на претставник на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.
Во рамките на понудените услуги и врз основа на Вашите барања, наша цел е да организираме патување во Германија за Вас односно да организираме посета на поединечните локации и да договориме состаноци со соодветните локални институции, органи и претпријатија.
Ќе Ве придружуваме цело време на Вашата посета во Германија (подготовка на патување, договарање термини за состаноци со потенцијалните германски клиенти, поддршка при резервација на транспорт и сместување, советување и логистика (поддршка и придружба на состаноци по потреба обезбедување на консекутивно толкување).