Дуално образование
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во април 2017 година започна со спроведување на програмата за дуално стручно образование во Северна Македонија “Skills Expert”.
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во април 2017 година започна со спроведување на програмата за дуално стручно образование во Северна Македонија “Skills Expert”. Целта на програмата е да им се помогне на компаниите од индустријата да обезбедат стручни и квалификувани работници преку спроведување на системски елементи од германскиот модел на дуално стручно образование. Овој во Германија веќе докажан систем претставува комбинација на теорија и пракса, при што посебен акцент се става на практичната обука во самите компании.