Барање деловни партнери
Во наоѓањето на соодветни деловни партнери за потребите на Вашиот бизнис во Германија, Северна Македонија, Албанија и Косово полесно е кога сме заедно.
Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија располага со мрежа на контакти и со своето долгогодишно искуство располага со одлично познавање за пазарите.
Зависно од Вашите потреби, ние за Вас можеме да ги преземеме следните активности:
1. Избор на потенцијален деловен партнер врз основа на профил изготвен од Ваша страна. Ние за Вас ги пребаруваме сопствените бази на податоци, се служиме и со екстерни адресари, каталози на бранши, саемски каталози и листи на членови на бизнис асоцијации и локални стопански комори.
2. Испраќаме дописи до потенцијалните партнери, при што можеме да Ви дадеме поддршка и во изготвувањето на концептот. Дописот го преведуваме на германски, македонски или албански јазик и го пласираме на заеднички меморандум. Покрај дописот го доставуваме и Вашето портфолио до одбраните компании од Ваша страна.
3. Објава на реклама во „Утринската телеграма на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение“.
4. Индивидуална придружба за време на состаноците која вклучува и преведувачки услуги.