Suppliers Balkan Expo – SUBEX 2024

Suppliers Balkan Expo 2024

АХК Северна Македонија дел од мрежата на германските стопански комори во странство заедно со партнерите Германско-Косовската бизнис асоцијација, Македонско-Германското стопанско здружение и Германско-Албанската бизнис асоцијација го организираат настанот Suppliers Balkan Expo 2024.

Со големо задоволство сакаме да Ве поканиме на SUBEX  кој ќе се одржи на 1 октомври 2024 година во Приштина, Косово.

Со SUBEX нудиме платформа за соработка помеѓу германски компании и компании од земјите од Западен Балкан и од поширокиот регион од следниве сектори:         ИТ за индустрија, лесна индустрија, метална индустрија, транспорт и логистика, текстил, преработувачка на дрво, земјоделство и малопродажба.

Што ќе се случуваа оваа година на SUBEX 2024?

Очекуваме повеќе од 700 стопанственици од Германија, Австрија, Холандија, Романија, Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија да присуствуваат на конференцијата и 4-те работилници.

Целта е да понудиме можности за соработка помеѓу германски компании и компании од земјите од Западен Балкан и регионот преку Б2Б-средби, а воедно Ви нудиме и можност за изнајмување на штанд на саемот за компании, каде ќе имате можност да се претставите пред бројни локални и странски компании и посетители.

Исто така, можете да го поддржите SUBEX преку спонзорство со што ќе се најдете во центарот на вниманието на овој настан. Вашето лого ќе биде истакнато на сите промотивни материјали, банери и веб страна.

Дополнителни информации за SUBEX, како и регистрација на Вашето учество е овозможено на следната веб-страницата: www.b2match.com/e/subex-2024

Информации за SUBEX

Датум: 1 октомври 2024 година

Локација: Хотел Клан Арена, Приштина, Косово

Организатор: АХК Северна Македонија

Партнери: Германско-Косовската бизнис асоцијација, Македонско-Германското стопанско здружение и Германско-Албанската бизнис асоцијација

Јазик: Англиски

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте ја г-ѓа Марина Станков на следниов е-мејл: stankov@nordmazedonien.ahk.de