За компаниите
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија им нуди на компаниите услуги за спроведување на германскиот модел на дуално стручно образование кои се прилагодени на нивните потреби
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во април 2017 година започна со спроведување на програмата за дуално стручно образование „Skills Expert“. Со оваа програма имаме за цел да им помогнеме на компаниите, како на странските така и на домашните, да обезбедат стручни и квалификувани работници преку воведување на системски елементи од германскиот модел на дуално стручно образование.
Услуги
Поддршка и советување во делот на стручното образование и обука
- Советување за германскиот систем на дуално образование како и за законската рамка во Северна Македонија
- Анализа на потребите на компаниите за конкретни образовни профили
- Истражување на соодветни партнер училишта
Комисија за стручно образование и обука
- Платформа за активна размена помеѓу компаниите, државните институции и сите останати чинители во делот на стручното образование
- Подготовка, организација и водење протокол за средбите на Комисијата за стручно образование и обука
- Поднесување на донесените заклучоци во Комисијата до надлежните институциите
Курсеви и обуки
- Обука на обучувачи според германски стандарди – AdA International
- Курсеви и обуки согласно потребите на компаниите
Осигурување на квалитет
- Сертифицирање на компанијата како компанија што спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK)
- Спроведување на теориски/практични полугодишни и завршни испити
- Сертифицирање на практичната обука во компанијата преку доделување на завршен AHK/DIHK сертификат на учениците
Односи со јавноста и маркетинг
- Објавување на статии за активностите на компанијата во делот на стручното образование во публикациите на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија
- Објавување на краток профил и логото на компанијата на веб страната на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија
- Означување на компанијата како партнер на Делегацијата во делот на стручното образование и поставување на логото на компанијата на маркетинг и рекламни материјали
Предности за Вашата компанија
- Образување на стручни кадри кои точно одговараат на потребите на компанијата
- Подобрување на изборот на персонал и намалување на ризикот од ангажирање на несоодветен кадар
- Заштедување на време и трошоци за барање стручни работници и нивно обучување Ниска стапка на флуктуација на персоналот
- Корпоративна општествена одговорност (CSR) и позитивен имиџ на компанијата
Обука за обучувачи - AdA International
Успешното спроведување на дуалното стручно образование почнува и завршува со обучувачите, кои во овој процес играат клучна улога. Секој кој има за цел да обучува млади лица мора покрај стручните знаења да поседува и фундирани социјални и педагошки вештини. Со цел да се овозможи квалитетна подготовка на идните обучувачи, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија нуди обуки за обучувачи според германски стандарди. Целта на обуката за обучувачи - AdA International е посредување на знаења за дуалното стручно образование како и педагошки компетенции. Сертифицирањето на обучувачите е неопходен предуслов за спроведување на дуално стручно образование според германскиот модел.
Полиња на делување
Обуката за обучувачи се фокусира на 4 полиња на дејствување:
1. Евалуација на условите за спроведување на стручно обучување и планирање на обучувањето
2. Подготвка на обучувањето и учество при изборот на ученици кои ќе се обучуваат
3. Спроведување на обучувањето во компанијата
4. Завршување на обучувањето
Траење: 40 часа курс + самостојно учење и подготовка
Ориентираност кон праксата: практични примери, симулации и континуирана размена на информации и искуства
Испит: писмен и практичен испит
Осигурување на квалитет
Осигурување на квалитет
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија има ексклузивно право да спроведува испити според германскиот модел на дуално образование и да доделува сертификати. Стандардите за квалитет при сертифицирањето важат за сите германски Комори за индустрија и трговија во странство и се координирани од Асоцијацијата на германски комори за индустрија и трговија од Берлин.
Билатералниот AHK-DIHK сертификат, кој има приватен карактер, потврдува дека лицето кое се обучува се стекнува со клучните стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија го осигурува ова преку спроведување на независни теоретски и практични испити.
Со цел соодветно да се одговори на различните потреби на компаниите за спроведување на дуално стручно образование, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги нуди следните можности за сертифицирање на обуките во компаниите:
„Локално дуално стручно образование според германскиот модел“
Услугите за стручно образование од оваа категорија се однесуваат на форми на дуално стручно образование, кои во голема мера се ориентираат на германскиот модел, но кои во делот на системските и содржинските стандарди дозволуваат и одреден степен на прилагодување на локалните предуслови.
Пример: четиригодишно образование во рамки на средношколскиот систем со поголем удел на практичната обука во компанија (околу 50%) и кое што води кон завршен испит или матура. (AHK-DIHK сертификат) (Линк кон делот образовни профили)
„Локално дуалнo стручно доусовршување со германски системски елементи“
Кај оваа категорија станува збор за локално стручно обучување/доусовршување насочено кон потребите на пазарот на труд и кое што има дуален карактер. Основа за ова може да бидат курсеви за делумна или преквалификација, пракса или чисто локални курсеви за обучување и доусовршување. Системските и содржинските стандарди во основа имаат дуален карактер, но се претежно обликувани од локалниот модел.
Пример: Сертифицирање на курсеви за обучување и доусовршување со траење од најмалку 240 часа. (AHK сертификат)