Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија

Делегацијата на германското стопанство во Македонија е основано во 2000 година во Скопје како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин. Делегацијата на германското стопанство е надлежна за Македонија, Албанија и Косово. Среднорочна цел на Делегацијата е основање на билатерална комора за индустрија и трговија (АХК) во Македонија. Припоено кон Делегацијата на германското стопанство е Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ), кое со над 202 компании-членови претставува најголема билатерална бизнис асоцијација во Македонија. МГСЗ е непрофитна организација надлежна за економската соработка помеѓу Германија и Македонија.

КОИ СМЕ?

• Нудиме услуги на поддршка како за германски така и за македонски, албански и косовски компании

• Ние сме дел од светската мрежа на 130 германски стопански комори ширум светот

• Соработуваме со здруженија и комори во Македонија, Албанија, Косово и Германија – особено со Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин.

ШТО ПРАВИМЕ?

• Делегацијата на германското стопанство работи за германски, македонски и косовски клиенти, со цел да им овозможи полесно вмрежување и и наоѓање на деловни партнери.

• Ние информираме, советуваме и поддржуваме

• Развиваме мрежи на контакти и ги спојуваме компаниите за соработка.

• Организираме настани, за да ги информираме компаниите и да им понудиме платформа за дискусија и нетворкинг.

• Учествуваме во иницијативи и проекти, кои што ги унапредуваат билатералните економски односи.

• Ги застапуваме интересите на германските и локалните компании пред политичките и управните органи во Германија и Македонија, Албанија и Косово. ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ?

• Делегацијата на германското стопанство се залага за квалитет

• Нашите вработени се нашиот главен капитал

• Нудиме стручно експертско знаење во комбинација со германско- македонска и германско-албанска јазична и културна компетенција

• Нудиме поддршка соодветна за секоја компанија

• Застапувањето на интересите на компаниите и развојот на билатералните стопански врски се нашиот најголем приоритет.