Германски и интернационални инвеститори во посета на Ван Хол
На иницијатива на Делегацијата на германското стопанство се организираше работна посета на компанијата Ван Хол.
Ван Хол е белгиска компанија која во 2013 година ја отвори својата фабрика во Скопје и од самиот почеток, како сериозен инвеститор во земјата е вклучена во активностите на Делегацијата на германското стопанство.
Вчерашната посета ја отвори, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство кој ги брифираше претставниците на компаниите Маркарт, ОДВ Електрик, Кромберт и Шуберт, Инџекшен Моулдинг Прилеп, Леар за најновите залагања на Делегацијата поврзани со актуелните случувања во стопанството.
Аврам Стојчевски, генерален директор на Ван Хол во Северна Македонија кој е дел од компанијата од самиот почеток сподели интересни факти. Ван Хол е белгиската семејна компанија која произведува патнички и градски автобуси. Компанијата има две фабрики, една од нив е во Белгија, а другата во Скопје. Фабриката во Скопје се протега на површина од 78 000 м2 и вработува 750 лица.
Интересно за оваа фабрика е што целиот процес на производство се одвива во фабриката во Скопје од каде излегува готов производ, автобус кој од погонот на фабриката тргнува во европските патишта да стигне до своите купувачи. Автобусите на Ван Хол може да се сретнат и по улиците и автопатиштата на САД.
Иако компанијата работи по строги европски и американски стандарди сепак вложува големи напори дел од своите компоненти да ги обезбеди во Северна Македонија.
Ван Хол е одличен пример за компанија која е сериозен партнер на повеќе од 20 локални фирми, истовремено инвестицијата на Ван Хол има повлечено уште една германска инвестиција во земјата, која произведува за Ван Хол.
Се заблагодаруваме на домаќините за можноста да ја посетиме фабриката на Ван Хол, да ја слушнеме приказната на овој инвеститор, да размениме искуства, како и да направиме тест возење во нивниот најнов модел на градски автобус на целосно електричен погон.
Марина Станков
Проектен менаџер ДЕ ИнтернационалEvent Management, проекти на СР Германија