Октоберфест во Скопје на Македонско-Германско стопанско здружение – МГСЗ и АХК Северна Македонија
И оваа есен претставниците на бизнис секторот, дипломатијата и медиумите имаа можност во Скопје да ја почувствуваат баварската традиција долга 223 години.
Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија и раководен член на Управниот Одбор на Македонско- Германското стопанско здружение и Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер на традиционален бравски начин со дрвен чекан го отворија чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О'zapft is“ (чепот е отворен) официјално започна прославата на Октоберфест во Скопје!
Повеќе од 1000 гости од бизнис секторот, дипломатијата и медиумите уживаа во традиционална баварска кујна, германски и македонски пива и музиката на рок бендот South Park.
За Антје Ванделт ова беше првиот Октоберфест во Скопје и ја радува фактот дека една долгогодишна германска традиција е толку добро прифатена. Од година во година расте бројот на германските инвестиции во Северна Македонија, а со тоа се зголемува и бројот на гостите на Октоберфест.
Маријан Малинов
Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение/DMWVEvent Management