Виртуелен настан
Германско-македонско ИТ- Б2Б партнерство
Почеток на настан
01-06-2021 · 10:00
Крај на настан
01-06-2021 · 12:00

Ве каниме на првото виртуелно „Германско-македонско ИТ- Б2Б партнерство“, кое го организираме заедно со нашиот партнер, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Комитетот на гермаското стопанство за Источна Европа, а е поддржан од ПроКредит Банка Северна Македонија и Македонски Телеком.Целта на овој настан е да се промовира соработката помеѓу македонските и германските
компании од ИТ-секторот.

Виртуелната конференција ќе се одржи на 1 јуни, додека состаноците ќе траат неколку недели започнувајќи на 2 јуни 2021 година.Северна Македонија е одлична алтернатива за компании во чиј стратегиски развој е предвидено аутсорсирање на услуги. Компаниите од Германија кои би сакале да ги вклучиме во ова виртуелно делегациско патување се од индустрискиот сектор, како и компании кои се дел од финансискиот сектор, дел од нив веќе користат услуги од македонските ИТ експерти.

Ова е одлична можност да се претстават македонските ИТ компании на германскиот пазар.
Доколку имате интерес за учество на Б2Б-состаноците, пријавете се кај Марина Станков на
следната е-адреса: stankov(at)nordmazedonien.ahk.de и дознајте повеќе за условите за учество.

Info Pager

Програма 

Брошура Германско-македонско ИТ- Б2Б партнерство

Повеќе информации за настанот може да добиете на следнава интернет страна: www.it-delegationtrip.mk

Прашалник