Сакаме да Ве информираме дека Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (AHK) на 15 и 16 ноември 2022 година го организира саемот Suppliers Balkan Expo - SUBEX во хотел Хилтон Скопје.
SUBEX е дводневен настан за фирми од лесната индустрија (метало-преработувачка индустрија, пластика, дрво, храна и пијалаци, текстилна индустрија) како и ИКТ секторот во областа на индустријата.
Целта е да понудиме можности за соработка помеѓу германски компании и компании од земјите од Западен Балкан и регионот преку Б2Б-средби, конференција со панели, како и дел за изложувачи.
Со задоволство сакаме да Ве поканиме на овој настан како потенцијални купувачи, како и можност да закупите штанд и да се претставите пред голем број на домашни и странски компании и посетители.
Исто така, можете да го поддржите SUBEX преку спонзорство и на тој начин да бидете истакнати на сите промотивни материјали, банери и веб страна. Пакетите за спонзорство се во прилог.
Повеќе информации за SUBEX можете да најдете во Infopager-от во прилог и на веб-страната https://subex-b2b.com/
Информации за SUBEX
Датум: 15-16 ноември 2022
Место: Hotel Hilton DoubleTree Скопје
Учесници: германски компании и компании од регионот
Организатор: Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (АХК)
Јазик: англиски/македонски
За дополнителни прашања, контактирајте ја Марина Станков на мејлот stankov(at)nordmazedonien.ahk.de
Марина Станков
Проектен менаџер ДЕ ИнтернационалEvent Management, проекти на СР Германија