Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, г-дин Ото Граф, заменик германски амбасадор, Маријан Малинов, генерален секретар на Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ) и Марина Серафимовска, советник при Германска амбасада Скопје, беа во посета на германската инвестиција Kiel Macedonia.
Владимир Стефановски, директор на германската компанија Kiel Macedonia, ја информираше делегација за плановите кои треба да се реализираат до крајот на оваа година за проширување на производството и отворање на нови работни места.
Kiel Macedonia повеќе од 5 години работи во Северна Македонија и произведува седишта за автобуси и возови.
Kiel Macedonia e единствената компанија во тетовскиот регион која е дел од програмата за дулано стручно образование по германски модел кој го спроведува АХК Северна Македонија.