Завар веќе 23 години е дел од Македонско-Германско стопанско здружение - МГСЗ!
Завар е семејна компанија која произведува опрема од нерѓосувачки челик кој има примена во машинската, хемиската, фармацевтската и прехранбената индустрија, а дури 90 отсто од производството го извезува во ЕУ, САД, Швајцарија, Велика Британија, Мексико и Индија.
Својот 35 годишен јубилеј Завар го прослави заедно со компаниите членки на Македонско-Германско стопанско здружение - МГСЗ, своите деловни партнери и пријатели.
За да се започне сопствен бизнис потребно е исклучително знаење, мотивација и храброст, но да се бележат успеси и на домашниот и на светските пазари потребна е иновација и уникатност, токму тоа ја прави компанијата Завар лидер во регионот во својата индустрија.
Искрени честитки до менаџментот на Завар, Јован Наумовски, Марта Наумовска-Грнаровска и Павле Грнаров!