AHK Nordmazedonien News

АХК Северна Македонија ја организираше деветтата „Обука на обучувачи по германски стандарди“

16/11/2023

 Квалификуваните и компетентни обучувачи играат клучна улога во спроведување на квалитетно дуално стручно образование по германски модел. 
За таа цел, во периодот од 6 до 11 ноември AHK Nordmazedonien/ АХК Северна Македонија ја организираше деветтата по ред Обука на обучувачи „AdA International“. 
 За време на шестдневната обука 12 учесници од компаниите LUTEX doo Veles, LAMINATI KOM , Kiel Macedonia , KOSTAL MACEDONIA, DRÄXLMAIER Group, Vitaminka A.D. и Magna International беа обучувани за компаниски ментори согласно стандардите за квалитет на Германската комора за индустрија и трговија-DIHK.
Благодарност до германскиот експерт Dr. Daniel Büttner, PhD, кој беше задолжен за спроведување на обуката.