15/11/2023
АХК Северна Македонија и Македонско-Германско стопанско здружение - МГСЗ беа во посета на германската инвестиција DRÄXLMAIER Group.
Антје Ванделт и Маријан Малинов беа во посета на компанијата членка DRÄXLMAIER во Кавадарци.
Компанијата вработува повеќе од 6.000 лица во Кавадраци и Куманово е еден од најголемите работодавачи во Северна Македонија.
За време на посетата на фабриката, директорот Лукас Мурингер ги претстави производствените процеси кои се одвиваат по високи стандарди користејќи најсовремена механизација и роботика.