25/08/2023
Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, г-дин Ото Граф, заменик германски амбасадор, Маријан Малинов, генерален секретар на Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ) и Марина Серафимовска, советник при Германска амбасада Скопје, ja посетија германско-македонската инвестиција Veze Sharri.
Veze Sharri произведува јајца, сувомеснати производи и е пионер во својата област во целиот регион.
Компанијата Veze Sharri е исто така и инвеститор и сопственик на централа за биогас. Нашата делегација имаше можност да ја посети и централата за биогас.