AHK Nordmazedonien News

Посета на германската инвестиција Iprotex

27/08/2023

Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија беше во посета на германската инвестиција за производство на технички текстил и термоизолациони материјали за автомобилската индустрија, Iprotex .

Компанијата е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик и планира да ја прошири својата инвестиција.

Антје Ванделт разговараше со управителот на Iprotex, Блаже Левовски кој го информираше за напредокот на инвестицијата и плановите за отпочнување со работа.