Делегациски патувања

Делегацијата на германското стопанство во Македонија организира делегациски патувања за истражување на пазарите во Северна Македонија и Германија. Учесници на овие патувања може да се претставници од една компанија или пак од различни компании од истата стопанска дејност. Патувањата може да ги организираме како индивидуални програми за повеќе компании или за повеќе учесници во една компанија. Овие делегациски патува на германските компании нудат одлична можност да се запознаат со пазарот во Северна Македонија како и да ги воспостават првите деловни контакти.

Во нашата канцеларија организираме брифинзи, информативни настани, како и настани за вмрежување. На Ваше барање можеме да организираме и состаноци со високи владини претставници.

Вашите предности доколку Вашето делегациско патување го планирате заедно со нас:

  • Организациска, јазична и културна поддршка
  • Организирање на индивидуални состаноци
  • Организирање на состаноци со високи владини претставници
  • Организирање на посети на компании и разгледување на производство
  • Вмрежување со клучните актери во стопанството и мултипликатори