Придобивки од членството
Со членство во Македонско- Германското стопанско здружение (DMWV) Вие и Вашиот бизнис ќе имате корист од ексклузивни предности.
Застапување на Вашите интереси
Ги застапуваме интересите на нашите членови пред институциите, политиката и бизнис заедницата. Потребите, желбите, грижите и сугестиите на нашите членови ги сфаќаме сериозно и се залагаме за соодветно решение на истите.
Мрежа
DMWV ги поврзува луѓето преку создавање на платформа за меѓусебна размена, вмрежување и развој на бизнисот. Искористете ги нашите настани за да ја проширите Вашата мрежа! Запознајте ги другите членови, интересни гости и партнери на DMWV и проширете ги Вашите контакти со потенцијални клиенти!
- Ексклузивен контакт со носителите на одлуки на германското и македонското стопанство и политика
- Можност за остварување деловен контакт со потенцијални клиенти и партнери
- Пристап до порталот за членови на DMWV
Информации
Ги информираме нашите членови за најновите случувања и трендови во германско-македонските стопански односи и им ставаме на располагање квалитетни информативни портали Тие вклучуваат, на пример:
- Специјални семинари на Делегацијата на германското стопанство
- Утринската телеграма на Делегацијата на германското стопанство
- Економски информации од GTAI
Настани
Вмрежувањето е суштината на DMWV. Во текот на годината, германско-македонското стопанско здружение организира многубројни настани, вклучително и институционални и стручни настани. Во оваа рамка се обезбедува можност за поврзување со компании, професионалци и претставници на институции, како и за воспоставување на нови деловни контакти и собирање информации за пазарот. За членовите на Здружението учеството на овие настани е бесплатно или следува одреден попуст. Покрај тоа, членството ги вклучува следните услуги:
- Настани кои се организираат исклучително за членовите
- Намалена котизација за настани на Делегацијата на Германското стопанство (на пример, 20% попуст за партиципација за сите семинари)
Видливост
Со задоволство ги претставуваме производите и услугите на нашите членови преку нашите канали и ја зголемуваме видливоста на истите преку нашата силна мрежа.
- Првата реклама во утринската телеграма е бесплатна за членовите на DMWV
- Членовите можат да објавуваат понуди за членовите (Members4Мembers)
- Членовите се дел на годишниот каталог на членови на Македонско-Германското стопанско здружение
- Членовите се дел од регионалниот електронски каталог на членови на DMWV
Нашите членови имаат корист од попусти на различни услуги на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, како и специјални цени за производи и услуги на други компании членки.
- Members4Members: Во делот Members4Members на нашите членови им стојат на располагање ексклузивни понуди од другите членови
- Пребарување на добавувачи: годишно едно бесплатно пребарување на снабдувачи во одредена земја според профил на барање
- Двојазична поддршка за преговори: 30% попуст