Саеми

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија е официјален застапник на саемите Минхен, Келн и за саемот за играчки во Нирнберг. Нашиот тим за саеми ќе Ве поддржи во организација на Вашиот саемски настап.

© Getty Images/rclassenlayouts

Германските саеми се број 1 во светот во организација на интернационални трговски саеми.

Од сите светски водечки саеми наменети за поединечни сектори, околу две третини се одржуваат во Германија. Секоја година околу 160 до 180 меѓународни и национални саеми со повеќе од 180.000 изложувачи и околу 10 милиони посетители се одржуваат во Германија. Главна одлика на германските саеми е нивната Интернационалност, повеќе од половина изложувачи доаѓаат од странство, една третина од нив од земји надвор од Европа.

Нашите услуги за македонски изложувачи

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија е официјален застапник на саемите Минхен, Келн и за саемот за играчки во Нирнберг. Нашиот тим за саеми ќе Ве поддржи во организација на Вашиот саемски настап. За изложувачите организираме заеднички штандови и национални павилјони, ќе се погрижиме за Вашата регистрација за учество воедно да бидете внесени во каталогот на изложувачи, како и обезбедување на преведувач. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ќе Ви помогне да пронајдете деловни партнери во Германија, воедно и како најдобро да ги понудите Вашите производи и услуги на германските саеми.