Сениор експертски сервис
На иднината и е потребно искуство!
СЕС е независна и непрофитна организација која е основана во 1983 година. Темели на сениор експертскиот сервис се германската економија и меѓународната соработка. Сениор експертите го пренесуваат своето знаење и вештини како волонтери со цел да дадат придонес во развојот на компаниите или институциите.
Што нуди сениор експертскиот сервис:
Поддршка на мали и средни претпријатија, јавна администрација, комори и деловни здруженија, социјални и медицински институции, како и институции за основно и стручно образование. Повеќе од 10.000 експерти со високи квалификации го нудат своето знаење и експертиза во следниве стопански гранки и области:
- Трговија
- Занаетчиство
- Производство
- Услуги
- Образование
- Јавен сервис
- Земјоделство
Имате потреба од ...
- Помош за подобрување на квалитетот на Вашите производи и на производните процеси?
- Обука и квалификација на Вашиот персонал?
- Стручни совети за решавање на технички, економски или организациски проблеми?
- Поддршка околу преструктуирањето на Вашиот бизнис?
- Размена на искуства за Вашето управување на компанијата?
- Нови импулси за маркетинг концепти и бизнис планови?
- Советување при решавањето на проблеми поврзани со ликвидноста и финансиските проблеми?
- Поддршка за започнување на нов бизнис и отстапување на бизнисот?