Online
Делегациско патување во областа на производство на вино за компании од Северна Македонија и Косово
Почеток на настан
07-07-2021 · 09:00
Крај на настан
08-07-2021 · 16:00

ПОКАНА за виртуелно студиско патување во Баварија на тема:

„Современи технологии во производството на вино и при производството и полнење на пијалаци”

Баварското министерство за економиjа и медиуми, енергетика и технологија срдечно Ве поканува на учество во програмата „Bayern – Fit for Partnership“ на тема „Современи технологии во производството на вино и при производството и полнење на пијалаци “ на 7 и 8 јули 2021 година. Целта на ова патување е воспоставување на деловни контакти, размена на „know-how” и искуства од стопански субјекти, усовршување на учесниците, како и продлабочување на деловната соработка помеѓу баварските и македонските и косовските претпријатија и институции.

За време на дводневниот настан, учесниците ќе добијат информации во врска со воведувањето и спроведувањето на EU-регулативите, стандардите за квалитет во производството, организацијата, зголемувањето на производството како и информации за  иновативните технологии и решенија за проширување на асортиманот.

Целна група се раководители, односно носители на одлуки и експерти од македонски/косовски претпријатија во областа на вино и индустријата за пијалaци.

Поради актуелната Корона-пандемија, оваа студиска посета ќе се реализира виртуелно. Учеството на студиското патување е бесплатно.

Крајниот рок за пријавување е 22 јуни 2021 година.

Ви ветуваме продуктивна и интересна виртуелна стручна програма во Баварија и со задовoлство ја очекуваме Вашата пријава. Пополнетиот прашалник во прилог испратете го на Марина Станков stankov(at)nordmazedonien.ahk.de 

Програма

Прашалник

 

Маријан Малинов

Маријан Малинов

Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение/DMWV
Event Management, проекти на СР Германија
Скопје