Webinar
Семинар/Работилница
Заштита на правата од интелектуална сопственост во дигиталното опкружување
Почеток на настан
06-07-2021 · 12:00
Крај на настан
06-07-2021 · 13:30

Делегацијата на Германското стопанство организира вебинар-правно советување на тема:

„Заштита на правата од интелектуална сопственост во дигиталното опкружување“

Успешната заштита на правата од интелектуална сопственост е предизвик за сите компании. Овој предзивик и тема на дискусија е уште поактуелен ако се земе во вид дигиталното опкружување.

Добропознато е дека класичните повреди на правата од интелектуална сопственост, постепено се заменуваат со се почестите повреди кои се прават преку:

- Интернет,

- Социјалните мрежи,

- Клауд базите,

- Онлајн продавниците и слично.

Република Северна Македонија не е исклучок од овој тренд.

Оттука неминовно се наметнува потребата за едукација на компаниите во насока на успешна заштита на нивните права од интелектуална сопственост во „онлајн“ средината. Темата на ова советување е симбиоза на теоретски и практични аспекти на заштитата на правата од интелектуална сопственост, анализа на најчестите традиционални повреди на правата, наспроти оние кои се случуваат во дигиталниот свет и практични совети и примери од праксата за заштита на правата од интелектуална сопственост.

 Датум: 6 јули 2021 година

Време: 12.00 до 13.30 часот

Вкупната котизација за оваа обука изнесува:

  • 3.990,00 денари + ДДВ – за членки на Македонското-Германско стопанско здружение
  • 5.220,00 денари + ДДВ – за нечленки на Македонското-Германско стопанско здружение

Работен јазик: македонски.

Пријавете го своето учество преку формуларот.

Советувањето ќе се одржи онлајн!

 Предавач:

Д-р Валентин Пепељугоски има долгогодишно теоретско и практично искуство во областа на интелектуалната сопственост, законот за конкуренција, е-трговија, телекомуникации, корпоративно управување и заштита на потрошувачите, не само во Република Северна Македонија, туку и на Балканот, а воедно е и редовен професор од областа на интелектуална сопственост.

Неговото претходно работно искуство се протега од Заменик министер и Заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, до учесник во билатерални и меѓународни преговори со земјите-членки на Светска организација за интелектуална сопственост, процесот на пристапување кон Светската трговска организација, и пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Во моментот, тој е член на меѓународната група експерти во врска со прашањата од областа на интелектуалната сопственост, од Договорот од Преспа со Република Грција.

Автор е на голем број универзитетски учебници, како и бројни научни и истражувачки меѓународни трудови. Во текот на своето работење, учествува и на бројни семинари, конференции, симпозиуми.

Како основач на Адвокатското друштво Пепељугоски во неговата 20 годишна професионална работа како адвокат и со целокупното искуство и образование, Валентин Пепељугоски овозможи Адвокатското друштво Пепељугоски да се препознава како лидер во областа на правото во Република Северна Македонија, со цел решавање на предизвиците на најбрз и најповолен начин за клиентите, секогаш настојувајќи да ги следи трендовите и новините во работата. Како потврда на ова се јавува и сеопфатното портфолио на клиенти на Друштвото и успешно комплетирани трансакции, кои се едни од најзначјаните во Република Северна Македонија.

Марија Томова Спиркоски

Марија Томова Спиркоски

Застапништво на саемите Минхен, Келн и саемот за играчки Нирнберг, семинари
Скопје

Speaker

Д-р.Валентин Пепељугоски