Делегацијата на Германското стопанство организира на 20 октомври 2021 година, среда, од 11.00 до 12.30 часот вебинар-правно советување на тема:
„Предности и недостатоци на арбитражното решавање на споровите наспрема судските постапки“
При склучувањето на секојдневните трговски договори, компаниите речиси никогаш не антиципираат настанување на евентуален спор, иако праксата говори поинаку. Сведоци сме дека во Република Северна Македонија судските процеси се дологтрајни. Оттука се поставува прашањето дали постои начин за нивно алтернативно решавање.
Арбитражата во светот, па и кај нас, е еден од најчесто користените алтернативни начини на решавање на споровите, пред се поради својата ефикасност и ефективност.
Но, арбитражниот начин на решавање на споровите нуди и други поволности наспрема класичните судски процеси.
При ова советување ќе се задржиме на следните точки:
- детектирање на најзначајните елементи на арбитражниот начин на решавање на споровите, наспрема судските постапки,
- кои видови на спорови кои може да бидат разгледувани по пат на арбитража,
- детален практичен приказ на текот на арбитражната постапка
- кои се придобивките од арбитражата за компаниите.
Предавач:
Д-р Ана Пепељугоска ,Адвокат и Партнер во Адвокатско Друштво Пепељугоски
д-р Елена Милевска Штрбевска,Претседател на Постојан избран суд Арбитража при Стопанска Комора на Македонија
За предавачот:
Д-р Ана Пепељугоска - Магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје во 2013 година, на насоката Интелектуална Сопственост, со двојна диплома со Универизтетот во Стразбург, а во 2017 го одбрани и својот докторат во областа на интелектуалната сопственост и меѓународната трговска арбитража на истиот факултет.
Од 2015 година работи како Адвокат и Партнер во Адвокатското Друштво Пепељугоски. Нејзиното работно искуство вклучува и практична работа во реномирана банка од Германија и адвокатски канцеларии во светот.
Има учествувано како предавач и учесник на голем број семинари и курсеви во земјата и во странство и има добиено голем број награди од областа на правната практика. Автор е на повеќе книги од полето на правото на интелектуална сопственост и меѓународна трговска арбитража, како и повеќе научни и стручни трудови објавени во респектабилни научни списанија во Северна Македонија и странство.
Ана Пепељугоска е избрана како арбитер во рамки на Спортската арбитража во Македонија, VIAC, SCIA и ECDR.
Говори течно англиски и германски јазик.
Вкупната котизација за оваа обука изнесува:
- 3.990,00 денари + ДДВ – за членки на Македонското-Германско стопанско здружение
- 5.220,00 денари + ДДВ – за нечленки на Македонското-Германско стопанско здружение
Работен јазик: македонски.
Пријавете го своето учество преку одговор на овој мејл. Рок за пријава: 18.10.2021
Советувањето ќе се одржи онлајн!