Царинско советување на тема: „Овластен економски оператор”
Делегацијата на германското стопанство организира на 16.12.2021 од 10:00 до 12:00
часот царинско советување на тема:
„Овластен економски оператор“
- Сакате да имате помалку физички и документарни царински контроли?
- Сакате да имате можност да побарате контролата да се изврши на место различно од
местото за контрола на надлежниот царински орган?
- Сакате да имате предност при одлучување по кое било поднесено барање до
царинскиот орган?
- Сакате да имате можност за користење на приоритетна лента за излез од царинското
подрачје?
Имателите на одобрението ОЕО имаат право на одредени видови на поедноставувања,
како и на поповолен третман во однос на другите економски оператори во поглед на
царинските контроли.
Предавач: Радмила Ристикеска Постолова
Вкупната котизација:
• 3.990,00 денари + ДДВ – за членки на МГСЗ
• 5.220,00 денари + ДДВ – за нечленки на МГСЗ
Работен јазик: македонски
Советувањето ќе се одржи онлајн!
Пријавете го своето учество со пополнување на следниов формулар.