АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во светот под покровителство на Сојузното Министерство за економија и клима на почетокот на декември организира стручна конференција на тема:
„Модернизација на одржливата енергетска инфраструктура“
Датум: 3 декември 2024 година со почеток во 9.30 часот
Место: хотел DoubleTree by Hilton, бул. АСНОМ 17, Скопје
Конференциска сала: Платинум 1
Оваа конференција е наменета за претставници на македонски, албански и косовски компании, институции и консултанти, со цел запознавање на учесниците со германски решенија на полето на обновливите енергии, вклучувајќи фотоволтаични електрани, технологии за складирање и интелигентно управување со мрежата.
Дополнително, за германските компании ќе се организираат посети кај македонски компании, производители на електрична енергија од обновливи извори, оператори на електропреносните системи, како и институции надлежни за оваа област.
Учеството на конференцијата е бесплатно со обезбедено симултано толкување.
Ве молиме да го потврдите вашето учество најдоцна до петок, 29 ноември 2024 година, на подолу наведениот линк.