andrejphoto@yahoo.com
Ресторан Воденица-Мулино
Ахк Северна Македонија Настани
Редовно годишно собрание на Македонско-Германско стопанско здружение
Локација
Ресторан Воденица-Мулино
М. Теодосиј Гологанов 69
1000
Скопје
Покажете ја локацијата на мапата
Почеток на настан
05-04-2023 · 09:30
Крај на настан
·
Регистрација

Не е потребна регистрација за овој настан.

23. редовно годишно собрание на Македонско-Германското стопанско здружение

 

Македонско-Германското стопанско здружение го одржа 23-то редовно годишно собрание на кое присуствуваа 70 претставници на компаниите членови.

Герт Рабов, директор на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение го отвори Собранието правејќи ретроспектива на спроведените активности во 2022 година. Рабов информираше дека во текот на 2022 година беа организирани 35 работни настани.  Измината година се зголеми бројот за 17 нови членови со што Македонско-Германското стопанско здружение и понатаму останува најголемо билатерално стопанско здружение во земјата со 153 компании членови.

Герт Рабов објасни дека и оваа година ќе продолжат активностите на кои ќе ги презентираме и застапуваме интересите на компаниите членови. Планирани се тркалезни маси со заменик претседателот на Владата, панел дискусии на стручни теми, делегациски патувања во земјата и Германија, официјално отворање на новата канцеларија, неформални бизнис средби како Октоберфест, божиќна Б2Б забава, планинарска тура, како и посета на компании членови итн.

И оваа година ќе се информираат членовите за  Македонско-Германските стопански односи преку Утринската телеграма, АХК блогот, социјалните медиуми и новата интернет страна.

Членови на Управен Одбор на Македонско- Германско стопанско здружение: 

  • Мирјана Симоновска-Ќука, Претседател, директор на Шмитц Каргобул Македонија.
  • Мартин Николовски, Заменик претседател на Македонско- Германско стопанско здружение, , директор на Хипомед
  • Герт Рабов, Директор на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (Вршител на должноста)
  • Огнен Цубалевски, директор на ОДВ Електрик Македонија
  • Јурген Шмит, Генерален директор на Маркарт Македонија
  • Роберт Новески, Генерален директор на Sinceritas
  • Златко Антевски, Адвокат -Адвокатска канцеларија Антевски
  • Маријан Малинов, Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение
Video
Маријан Малинов

Маријан Малинов

Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение/DMWV
Event Management