Македонско- Германското стопанско здружение (DMWV)

Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ) 19 години е централно место каде што се градат македонско-германските стопански односи. Со повеќе од 200 компании- членови, претставува најголемо билатералнo стопанско здружение во Северна Македонија.

Околу две третини од членовите се со седиште во Македонија, една третина во Германија. Компаниите-членови во МГСЗ се од различни стопански грански и со тоа во здружението има разноликост и баланс, кое преставува одлична можност за размена меѓу членовите, а воедно е и клучот за успехот на Македонско-Германското стопанско здружение. Сите сектори се застапени: најпрво услужниот сектор со 39%, по што следи индустрискиот сектор, што опфаќа една третина од компаниите-членови (35%).

 

 

Што значи членството во Македонско-Германското стопанско здружение?

  •  Ексклузивен контакт со врвните претставници на германската и македонската деловна заедница
  • пристап до стручни информации
  • застапување на интересите кон политиката и администрацијата
  • меѓусебна видливост преку каналите на здружението
  • Посебни услови за некои од услугите на Делегацијата на германското стопанство во Македонија. 

Ова се само неколку придобивки од членството. Дознајте повеќе тука.