Делегација на германското стопанство во Северна Македонија организира на 06.10.2021 од 10:00 до 12:00 часот царинско советување на тема:
„Како да се подготвите за ПОСТ-ЦАРИНСКА КОНТРОЛА (PCA)”
ШТО Е ПОСТ-ЦАРИНСКА КОНТРОЛА?
Пост-царинската контрола претставува контрола на целокупното работење на компанијата и на сите видови на увозни давачки, надоместоци за одреден временски период. Контролата се врши со проверка и споредба на податоците од сметководствената евиденција и друга евиденција која ја водите, материјалната евиденција за репроматеријалите и добиените производи, документацијата поврзана со процесот на производство (требувања, налози за производство, нормативи и сл.), записниците од спроведени редовни и/или вонредни пописи, транспортни документи, увозни царински декларации и друга документација. Како увозник или извозник, вие сте законски одговорни за точноста на информациите доставени до Царината, иако можете да користите царински посредник кој ги подготвува и поднесува вашите декларации. За ваша корист, осигурете се дека ги проверувате и чувате сите документи доставени до Царината, проверете ја нивната точност и советувајте се со вашиот царински посредник за какви било грешки кои сте ги утврдиле во работењето.
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЦАРИНСКА КОНТРОЛА ПОСЛЕ ЦАРИНЕЊЕ?
Проверете ја поврзаноста на:
● Документацијата: Нарачка, акредитиви, комерцијални документи; Трговски договори, договори за производство и набавка; Отпремници, теретници; Транспортни документи; Тантиеми, провизии, авторски права; Докази за плаќање; Сертификати за потекло; Пописи на залихи и репроматеријали и/или готови производи; Увозни/извозни дозволи
● Финансиите: Куповни/Продажни провизии, Трошоци за управување/хонорари; Извештаи за трансфер на цени; Трошоци за истражување и развој
●Секторите: Набавка, Транспорт и логистика; Производство/продажба; Увоз/извоз; Прием на стока/Дистрибуција; Финансии
РИЗИЦИ КОИ ГИ ПРЕВЗЕМАТЕ ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ПОДГОТВЕНИ?
Неуспехот за усогласување на Вашето работење со пропишаните прописи и царински регулативи повлекува можност за грешки во царинските декларации како и појава на следните ризици:
• помалки или повеќе пресметан царински долг
• поведување на прекршочни постапки и плаќање високи казни
• дупли трошоци
• дополнителна наплата на царински долг
• одземање на царинските одобренија за увоз/извоз
Кој треба да учествува?
Увозници/Извозници кои сакаат да го усогласат своето работење со пропишаните царински прописи и регулативи, како и сите учесници во синџирот за набавка.
Што ќе научите?
Зошто е важна контролата после царинење?
Каде најчесто се случуваат грешки
Кои казни се плаќаат?
Како да подготвите сопствена контрола?
Што да проверувате/контролирате?
Чување на документација.
Предавач:Радмила Ристикеска Постоловa
Вкупната котизација за оваа обука изнесува:
• 3.990,00 денари + ДДВ – за членки на Македонското-Германско стопанско здружение
• 5.220,00 денари + ДДВ – за нечленки на Македонското-Германско стопанско здружение
Работен јазик: македонски
Советувањето ќе се одржи онлајн!
Пријавете го своето учество на следниов мејл: tomova(at)nordmazedonien.ahk.de