Ресторан Рагуза, Скопје
Панел дискусија: Општините и успешна поддршка на стопанството
Online-настан
Ресторан Рагуза, Скопје
Почеток на настан
09-12-2021 · 09:30
Крај на настан
09-12-2021 · 11:30

Делегацијата на германското стопанство заедно со фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт Ве канат на панел дискусија со новоизбраните градоначалници на Град Скопје, Општина Центар, Општина Велес и Општина Тетово на тема:

„Општините и успешна поддршка на стопанството“

Панел дискусијата ќе се одржи на 9.12.2021 година од 9.30 до 11:30 часот.

Место: ресторан Рагуза

Ул. Св. Кирил и Методиj, 1/1/6-3, Скопје

Поради актуелната ситуација со корона вирусот, бројот на гости е ограничен на 40. Затоа Ве молиме Вашето присуство да го пријавите што побрзо бидејќи ќе се раководиме по принципот „прв пријавен, прв услужен.“

Сите останати ќе можат да го следат настанот преку ZOOM

 https://kas-de.zoom.us/webinar/register/WN_uCF-AiIpQRi4kPfTPeingA

Ќе бидат земени предвид сите ковид мерки, а за учество на настанот потребен е сертификат за вакцинација од ковид-19.

Ве молиме задолжително да го пријавите Вашето учество кај Маријан Малинов на следната мејл адреса: malinov(at)nordmazedonien.ahk.de

Маријан Малинов

Маријан Малинов

Генерален секретар на Македонско-Германско стопанско здружение/DMWV
Event Management, проекти на СР Германија
Скопје

Програма 09.12.21