Online
Ахк Северна Македонија Настани
Обврски и одговорности поради нарушување на безбедноста на личните податоци
Почеток на настан
25-04-2023 · 10:00
Крај на настан
25-04-2023 · 11:30

Делегацијата на германското стопанство во РСМ на 25.04.2023 од 10:00 до 11:30 часот во
соработка со Карановиќ и Партнери организира правно советување на тема

„Обврски и одговорности поради
нарушување на безбедноста на личните податоци“

На ова советување ќе добиете корисни детални информации за:

• Како компаниите да се справат со нарушување на безбедноста на личните податоци и да
се подготват за најлошото сценарио;
• Превенција, циклус на нарушување на безбедноста на личните податоци и план за
одговор;
• Улоги на луѓето во рамки на компанијата;
• Начин на оценување дали настанало нарушување на безбедноста на личните податоци;
• Кои се обврските и последиците од Законот за заштита на личните податоци;
• Ситуации во кои треба да се извести Агенцијата за заштита на личните податоци и/или
субјектите на лични податоци;
и
• Примери од пракса и чести прашања при справување со нарушувања на безбедноста на
личните податоци.

Што ќе стекнете со посета на обуката?

• Ќе се стекнете со знаење од областа на заштита на личните податоци;
• Ќе се запознаете со вашите обврски и одговорности во ситуации на нарушување на
безбедноста на личните податоци;
• Ќе добиете совети за најдобри практики на справување со нарушување на безбедноста на
личните податоци;
• Ќе стекнете знаење од практични примери;
• Ќе можете да го примените стекнатото знаење во ситуации кога компанијата е контролор
или обработувач на лични податоци а настане нарушување на безбедноста на личните податоци,
како и да го примените знаењето за превенција на нарушувањето на личните податоци.

За кој е наменета обуката:

• Офицери за заштита на лични податоци
• Офицери за усогласеност
• Соработници за приватност
• Правници
• Вработени во компании кои се овластени да обработуваат лични податоци
• Овластени лица за човечки ресурси и информациска безбедност
• Лидери за комуникации
• Директори/раководители
• Службеници за безбедност и приватност
• Експерти за управување со податоци
• Советници за етика и усогласеност
• Консултанти
• Самовработени
• Лица кои вршат самостојна дејност
• Сите кои сакаат да се здобијат со знаење и практични совети во оваа област

Адвокат Ана Каширска
Адвокатска канцеларија Ветон Ќоку
Во соработка со Karanovic & Partners

Вкупната котизација изнесува: 
•    1.850,00  ден (+ДДВ) – за членки на МГСЗ
•    2.500,00 ден (+ДДВ) – за нечленки на МГСЗ
 
Советувањето ќе се одржи онлајн.
Краен рок за пријавување: 21.04.2023година
Работен јазик е македонски.
Пријавување по мејл на: tomova@nordmazedonien.ahk.de

Марија Томова Спиркоски

Марија Томова Спиркоски

Проектен менаџер
ДЕ Интернационал
Young Energy Europe 3.0

Speaker

Ана Каширска